Skip to main content
Хроника

Тешко повреден скопјанец, со возило удрил во бетонски ѕид

27/09/2025  14:24

Денеска (27.09.2025) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам” во Скопје, патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(36) од Скопје удрило во бетонски ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.А, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.