
На 25.09.2025 во 23:45 часот во ОВР Свети Николе, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Ч.(55) од Свети Николе. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Свети Николе.
За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Свети Николе.