Skip to main content
Хроника

Тешко повреден пешак прегазен во Пинтија, возачот е во бегство

04/04/2025  12:31

Вчеравечер во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.