Skip to main content
Хроника

Тешко повреден патник во автобус на ЈСП

03/09/2025  15:00

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу” во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.