Skip to main content
Хроника

Tешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен: Се судриле патничко и товарно возило

18/10/2025  12:45

На 17.10.2025 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(58) од селото Речани, кичевско и товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(27) од селото Беранци, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П, а со телесни повреди се здобил возачот В.Б., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.