Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка во Тетовско, повредени три лица

24/01/2026  17:43

На 23.01.2026 во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај с. Слатино е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од с. Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(36) од с. Нераште,  тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил еден сопатник Б.А.(26) од с. Нераште, тетовско констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.