
Ноќеска во 3:32 часот наутро, на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал, јавува rts.rs.
Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на највисоко ниво на итност.
Едно дете родено во 2009 година починало на самото место од повредите здобиени во несреќата.
Седум други деца, на возраст помеѓу 2009 и 2012 година, претрпеле сериозни повреди и биле префрлени во Детската болница во Нови Сад.
Возачот на комбето, маж роден 1982 година, исто така е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина со повеќекратни повреди, потврдија од Институтот за итна медицина за РТС.

