Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка попладнево, едно лице загина на патот Виница – Кочани

16/03/2026  14:59

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат А-3 Кочани – Виница, во близина на ресторанот „Шагал“.

Според наши информации, несреќата се случила околу 13:44 часот, при судир меѓу патнички возила „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Кочани.

На местото на несреќата интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица, која работела на извлекување на починатото лице од возилото.

Полицијата е на терен и се врши увид.