Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка: Поло се судри со мопед – девојка итно пренесена во болница

16/11/2025  15:53

На 15.11.2025 во 15:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Лескоец, патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски таблички, кое го управувала Н.А.(54) од истото село, удрила во мопед кој го управувала В.М.(53) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.