
Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, во која учествуваа две патнички возила со скопски регистарски ознаки.
Според првичните информации, по судирот настанала значителна материјална штета, а едно лице било повредено и со возило на Брза помош било пренесено во болница.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а повеќе детали за причините за несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата.

