Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка на крстосница во Скопје: Се судрија четири возила

04/10/2025  14:57

Вчера околу 18:40 часот на крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Јане Сандански“ и „Видое Смилевски – Бато“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале „БМВ“ управувано од О.К. (59) од Скопје, „Пежо“ управувано од М.К. (32) од Скопје, „Цитроен“ управуван од И.С. (25) од селото Текија и „Опел“ со кој управувал Д.Ј. (78) од Скопје.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Пежо“, Ј.Д. (31) од Скопје, додека возачот М.К. се здобил со полесни повреди. Повредените се пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

Од МВР информираат дека на местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.