Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка кај Колонија: Се судрија три возила и камион

04/09/2025  13:47

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во атар на село Колонија кога се судриле три возила и камион.

Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, атар на село Колонија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(58) од Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(55) од Скопје, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(50) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од село Мралино, скопско, соопштија денеска од полицијата во денвниот билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка Г.С. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.