Skip to main content
Балкан

Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир меѓу комбе и градежен валјак

27/11/2025  10:11

Во раните утрински часови, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума се случи тешка сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, загинаа четири лица, а уште три се повредени.

До трагедијата дошло кога патничко комбе, од засега непознати причини, удрило во патен валјак.

Снимките и фотографиите од местото на несреќата покажуваат стравични сцени – комбе целосно подлетано под тешката машина и целосно уништено од силниот удар. На местото веднаш пристигнале екипи на итната помош, противпожарната служба и полицијата.

Пожарникарските екипи работеле интензивно за да ги извлечат загинатите и повредените од згмеченото возило. Неофицијално, три лица биле пронајдени без знаци на живот веднаш по пристигнувањето на службите. Повредените веднаш биле пренесени во болница на итен медицински третман.

Полицијата го врши увидот и работи на утврдување на точните околности и причините за несреќата.

Сообраќајот на овој патен правец е целосно запрен, а возачите се упатуваат да користат алтернативни рути сè додека не заврши расчистувањето и увидот.

Извор:Index.hr