
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во скопско Драчево.
Несреќата е на влез на Драчево, од правец на селото Студеничани.
Според првичните информации, патничко возило изгубило контрола и се превртело на коловозот.
На местото на несреќата интервенираат полициски службеници, кои го обезбедиле просторот и вршат увид за да се утврдат причините за несреќата.
Во моментов се уште е во прекин сообраќајот, а граѓаните кои се возат со јавен превоз, овој дел го поминуваат пешки.
извор ТВ21