
Смртоносна сообраќајна несреќа се случи на 30 јуни околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје, кога мотоцикл „БМВ“ со бугарски регистарски таблички удрил во пешак.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, мотоциклот го управувал 22-годишниот М.О. од Скопје, а при несреќата животот го загубил 72-годишниот пешак К.Г., исто така од Скопје. Смртта на местото на настанот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Возачот на мотоциклот по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а увид на местото на несреќата извршила екипа од Министерството.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.