Skip to main content
Хроника

Тешка несреќа меѓу автобус и автомобил во Скопје: Едно лице тешко повредено

28/11/2025  15:58

Вчера на локалниот пат меѓу селата Кучково и Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С. (61) од село Никиштани, и патничко возило „сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (71) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., а повредите му биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.