Skip to main content
Хроника

Тепачка за паркинг меѓу скопјанец и пробиштипјанец во Општина Аеродром

15/12/2025  18:03

42-годишен пробиштипјанец пријавил дека на паркинг простор во општина Аеродром бил физички нападнат од 37-годишен скопјанец.

Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово по 2 часот во СВР Скопје, лице од Пробиштип пријавило дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од друго лице од Скопје.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.