Skip to main content
Хроника

Тепачка во Гази Баба, учествувале жена и двајца мажи

03/06/2025  20:31

Вчера околу пладне, избила тепачка во скопската населба Гази Баба, во која од една страна учествувала жена од Илинден заедно со млад жител или жителка на селото Радуша, за кој од текстот во полицискиот билтен не може да се утврди дали е момче или девојка, а од другата – 37-годишен маж од селото Стајковци.

„На 02.06.2025 во 13:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 43-годишната Л.Љ. од населба Илинден, скопско и Ф.Р.(22) од село Радуша, скопско, од една страна и Ѓ.С.(37) од с.Стајковци, скопско, од друга страна. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.