
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против четворица возрасни лица и еден 17-годишник од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 26 јули 2025 година во двор од семејна куќа, кога пријавените физички нападнале две лица, користејќи тврди предмети, соопшти полицијата.