
На 15.02.2026 во 22:20 часот на ул.„Благоја Стефковски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(35) од Скопје.
При преглед во возило „бмв” со скопски регистарски ознаки во кое се превезувал со уште едно лице, кај него е пронајден и одземен пиштол. Тој се сомничи дека на 15.02.2026 во 22:00 часот во угостителски објект во населба Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј.(31) од с.Марино, општина Илинден и Б.А.(32) од населба Илинден, општина Илинден, при што А.С. му упатил закани на И.С. со пиштол, сопственост на А.М.(30) од с.Стајковци, скопско, вработена во МВР, која била со нив.
По преземени мерки, на 16.02.2026 во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода и А.М.(30). Лицата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

