
Денешниот ден (четврток 13 ноември) во нашата Македонија помина во знакот на сончев и релативно топол ден со температури кои беа над просекот за месец ноември. Дуваше слаб ветер претежно од јужен правец.

Најтопло денес беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 20 степени. На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени по градови и места во нашата Македонија до 16 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.

