Skip to main content
Македонија

Температура до 40 степени – од утре следува топлотен бран со УВ индекс 9

24/06/2025  13:07

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре (среда) до петок низ целата земја ќе владее многу топло време, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дневните температури ќе надминат 30°C, а на некои места се очекува да достигнат и над 40 степени.

Покрај високите температури, вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9 – што претставува многу високо ниво и носи сериозен ризик по здравјето при директна изложеност на сонце. Граѓаните се советуваат да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат лесна облека и да внесуваат повеќе течности.

Според најавите, во петок попладне и навечер се очекува локална појава на нестабилност – со пороен дожд и грмежи. Од викендот следува мало освежување со пад на температурите и умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаба северна компонента на ветерот. Максималната дневна температура ќе достигне 39°C.