,,Тело-простор, документарна инсталација“ е перформанс кој при поставувањето и изразувањето на телото во просторот, користејќи истражувачки, аналитички, театарски и танцови методи на специфичен сценски јазик остварува дијалог со гледачот. Авторски независен уметнички продукт, кој се заснова на сите сокриени или неискажани вистини, приказни, внатрешни борби, јавно достапни и официјални статистики и анализи. Фокусиран на превенција и состојката за решение за културата на насилство и вознемирување и пасивни гледачи.
,,Доколку сакаме колективна промена, мојот став е дека секој треба да тргне од себе и полето на дејствување и да размисли како да допринесе. Перформансот е повик за трансформација, љубов, слобода, емпатија, повторно раѓање, храброст, потсетник за детето во себе. Повик за дејствување и поддршка, а не пасивност. Преку комбинирањето на дисциплини се испраќа јасна порака-отворањето важни општествени теми и поттикнување јавни дискусии, како што е насилството, преку вакви истражувачки театарски танцови перформанси. Рамноправноста е зрелост” – Енџи Николоска.
Идејата за овој перформанс произлегува како идеја прифатена од Хелем Нејсе Талент Академија-Сараево на која всушност Енџи Николоска како учесник од Македонија беше селектирана минатата година на програмата новинарство и документарен филм.
Проектот е поддржан од EKIPA, TALENT AKADEMIJA.
Во соработка со: Центар Јадро; ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје; АВАНГАРТ, Bullfrogs Ballet School; Bullfrogs Ballet Production; Balloon twister; Platinum life events.

