Skip to main content
Балкан

Тело извлечено од море: Трагедија на Халкидики, Брзата помош можела само да констатира смрт

05/06/2025  15:23

Жена од Србија стара 73 години пронајдена е мртва во море кај Касандра во Грција, соопшти денеска Ана.

Таа е пронајдена вчера околу пладне во несвест во море кај брегот на Касандра на Халкидики и со Брза помош е превезена во Здравствен дом Касандра, каде е констатирана смрт.

Како што се наведува во тек е увид, а ќе биде извршена и обдукција, пренесува грчката агенција.