
Телеком им овозможи на своите корисници во кризните подрачја на Блискиот Исток бесплатен роаминг пакет од 10 GB со важност од 7 дена, за да останат поврзани со блиските и да имаат пристап до интернет во критични моменти. Пакетот ги покрива земјите Израел, Катар, ОАЕ и Саудиска Арабија и овозможува слободна комуникација преку пораки, повици и апликации за видео-чат.


