Skip to main content
Свет

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

03/04/2026  21:21

Претседателите на Русија и на Турција телефонски разговараа за ситуацијата на Блиски Исток.

– Констатирано е дека тешките непријателства во Персиски Залив доведуваат до сериозни последици по енергетиката, трговијата, логистиката и другите сектори, не само на регионално туку и на глобално ниво, соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува и дека Путин и Ердоган се „за постигнување на прекин на огнот што е можно побрзо и работат на компромисни мировни договори што ќе ги земат предвид легитимните интереси на сите земји во регионот“.

Кремљ посочува и дека двајцата лидери разговарале и за војната во Украина, како и за билатералните односи и соработката во енергетскиот сектор.

Во соопштението од кабинетот на Ердоган се посочува дека тие разговарале и за ситуацијата во Сирија и за акциите на Израел.

– За време на разговорот, Ердоган посочи дека Турција не ги одобрува нападите врз Иран, ниту одговорот на Иран кон земјите во регионот и дека води разговори за да се спречи војната да излезе од контрола и кои се насочени кон постигнување мир и стабилност, се истакнува во соопштението.

Ердоган ги коментираше и постапките на Израел, дефинирајќи ги како офанзивна политика што мора да се спречи. Тој нагласи дека нема да бидат дозволени чекори за промена на статусот на Ерусалим.

– Ердоган изјави дека е важно напорите на Турција за мирно завршување на војната меѓу Русија и Украина да не бидат попречени, Турција им советува на сите страни да се воздржат од дејствија што би довеле до зголемување на тензиите, нападите врз цивилни бродови во Црното Море да ѝ наштетат на стабилноста во регионот и војната со Иран да не создава нови зони на конфликт во руско-украинската криза, се наведува во соопштението.