Skip to main content
Македонија

Техничка влада и европските реформи како индикатори на политички легитимитет или институционална криза т.е. добра можност за (предвремени) избори во Македонија

14/01/2026  16:51

Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски

Мора да се потсетиме на еден непобитен факт кој е директно поврзан за пржинската влада која е дел од т.н пржински договор кој резултираше со тогашното детронизирања на г-дин Груевски кој реално забега со спроведување на сопствените автократски политики. Според мене појавување на огромната недоверба која во тој период како помеѓу граѓаните така и помеѓу политичките партии неминовно наметна потреба на нов модел на организирање на избори кој имаше за цел да ја врати изгубената доверба во институциите. Но она што е проблематично кај овој тип на т.н влада од една страна се употребува за спроведување на избори како потреба на политичките партии, додека од друга стран го блокира целиот систем на исплати, вработување но и унаредувања на граѓаните со што се наметнува потребата за нејзиното постоење. Ако сме спремни како држава каде веќе е изградена силна доверба помеѓу политичките партии кои пред се во овој дел си веруваат за спроведување на регуларни и европски избори што долукува земја аспирант за членка на ЕУ тогаш дебатата е повеќе од потребна. Мојот став е дека опозицијата мора да седне на маса за да ја води дебатата за укинување на нешто што е времено со одредена, а не перманентно како трејано решение, згора на тоа најголемата опозициска партија СДСМ се декларира како демократска партија која секогаш води грижа за отворање на дебати и изнаоѓање на компромиси за доброто на држава, силно го развива граѓанскиот концепт и од тие причини нема потреба да бега од дебата, напротив мора да седне на масас и да дебатира со силни агрументи со што ќе ја зајакнува сопствената политичка позиција (мое размислување).

Затоа кога сме кај таа дебата околу формирањето на техничка влада, но и нагласувам спроведувањето на европските реформи сето тоа би можело да се интерпретира како индикатор за условно продлабочена политичка криза и институционална нефункционалност, што често се користи како аргумент за распишување предвремени избори во Македонија на што мислам дека се алудира и сега, што размислувам гласно дека таа дебата не води кон отворање на врати за предвремени избори (мое превидвидување). Во таков контекст, предвремените избори се артикулираат како механизам за обновување на политичкиот мандат и за реконфигурација на институционалната моќ со цел обезбедување стабилни услови за продолжување на реформската агенда усогласена со европските стандарди. Oд една страна, евентуални предвремени избори се убава можност за власта да си го продолжи мандат (оти верува дека победува) но исто така и добра можнжност за стабилизација на бандентерот преку албански партнер (стар или евентуално нов) кој веќе ги блокира законските одредби кои треба да го активираат системот на безбеден град, а воедно си го зголемуваат своето мнозинство дури и без дополнителен партнер од македонски полтички блок, додека од друга страна, иако опозицијата манифестира силен отпор кон оваа дебата таа има своја математика која е исклучително внатрепартиска со цел да ја реорганизира и редефинира партијата за идниот период.

Затоа кога власта и опозицијата не можат да постигнат консензус околу изборните правила и реформската агенда поврзана со Европската Унија, тоа создава институционална нестабилност, која понатака може да резултира со проблематизирање на нашиот европски пат, па според тоа во такви услови, предвремените избори се прикажуваат како демократски механизам за обновување на политичкиот легитимитет и за формирање влада со јасен мандат да ги продолжи европските интеграции. Оттука, техничката влада и ЕУ-реформите не се само процедурни прашања, туку се користат како аргумент дека постојната политичка структура не е способна ефикасно да управува без нова поддршка од граѓаните. Затоа дебатата за техничката влада и европските реформи често се користи како мотив (или оправдување) за предвремени избори во Македонија, но таа ретко е единствениот вистински мотив.

Би сакал да бидам појасен во сопствените ставови: техничката (пржинска) влада формално е наменета да обезбеди фер и кредибилни избори, но во пракса таа често станува алатка за политички притисок, отвора дебата дали е потребна или не, во зависност од тоа кому му одговара моменталната политичка состојба, нејзиното активирање најчесто значи дека веќе се размислува за избори, а не обратно. Понатака, ЕУ реформите се двонасочен аргумент: каде власта обично тврди дека предвремени избори би ги забавиле реформите и европскиот пат, но од друга страна, самата прави активности контра овој аргумент. Во реалноста, реформската агенда често служи како реторичка рамка, додека вистинските причини можат да бидат пад или раст на рејтингот, внатрепартиски пресметки која во секоја политичка партија е како освновно правило за нивно постоење и функционирање.

Затоа тврдам дека опозицијата греши оти не седнува на маса за да биде фактор за дебатата како за техничката (пржинска) влада, така и за европски реформи кои на власта и служат како политичко оправдување, но во реалноста мотивот за предвремени избори секогаш е пресметка која треба да резултира со политичката добивка на тој што ги иницира. Од аспект на теориите за политички легитимитет и институционален институционализам, дебатата за техничката влада, европските реформи па и изборниот модел може да се разбере како симптом на ерозија на функционалниот и нормативниот легитимитет на владејачките структури.

Кога недостасува политички консензус околу изборните правила и реформските обврски поврзани со европската интеграција, се создава институционална блокада што го ограничува капацитетот на државата за дејствување. Во такви околности, предвремените избори се артикулираат како рационален демократски механизам за реконституирање на легитимитетот и за воспоставување стабилна извршна власт со јасен реформски мандат.

Како за секоја дебата така и за оваа мора да постојат и сериозни контра-аргументи кои овде на оваа тема укажуваат дека честото прибегнување кон предвремени избори може да ја продлабочи политичката нестабилност и да го забави процесот на европска интеграција, бидејќи создава континуитет на институционален прекин и краткорочно политичко калкулирање. Од оваа перспектива, техничката влада и реформските процеси треба да се третираат како инструменти за институционална консолидација, а не како повод за изборна мобилизација.

Ако веќе се размислува поради горенаведените политички мотиви за евентуални можни предверемни избори фокусот на таа дебата мора да биде ставен на основата за избори а тоа е изборниот модел, каде сегашниот од старт ги фаворизира големите политички партии наспроти малите па и новите политички партии. Затоа на масата каде се дебатира за прижинска влада и ЕУ реформи мора да има јасно место за изборниот модел и тоа да бидам дециден преку една изборна единица. Затоа би сакал да ги нагласам предностите на една изборна единица како што се поголема еднаквост на гласот, секој глас има иста тежина, без разлика каде живее гласачот, пореална застапеност на партиите, мандатите попрецизно го одразуваат вкупниот број добиени гласови на национално ниво. Понатака, помалку изгубени гласови каде гласовите за помалите но и новите политички партии имаат поголема шанса да се претворат во мандати, зголемен политички плурализам преку олеснување на влезот на новите и помали политички субјекти во парламентот, намалување на регионалните нерамнотежи преку избегнување на преголемо влијание на одредени региони во однос на другите. Факт е тоа дека оваа е поедноставен изборен систем кој е полесно за разбирање и администрирање од систем со повеќе изборни единици.

Лично мислам дека нема потреба од предверемни избори се додека оваа широка дебата не роди со плод, но правејќи политичка и партиска калкулација тогаш власта има силен мотив да влезе во изборна битка бидејќи се во силна изборна кондиција со последниот локален резултат од 56 наспроти 6 градоначалници за опозицијата и оваа година да си распише предвремени избори со што ќе си ја зацврсти сопствената политичка позиција, но дали тоа ќе се случи ќе почекаме некој месец.

Совршено ми е јасно дека кај нас повеќе се цени политичка конфротација, ароганција и негативен став при политичко делување наспроти политичка прагматичност, џентламенство и позитивен став во промовирање на државни политики, оти првото дава поголеми политички резултати кај електоратот, но тоа мора да се менува, политиката е умешност, вештина каде преку дијалог треба да се утвруваат државните политики за доброто на сопствените граѓани.

Конечно, кога веќе владата отвара и дополнителна дебата за мерката поврат на ДДВ која според мене е една од најдобрите мерки на предходната влада како една скромна финансиска бенефиција на луѓето при трошењето на сопствените пари, не би требало да се укине напротив треба да се надгардува, а кога сме веќе кај државната каса која е поприлично празна, подобро е владата да размилува за кратење на некои други мерки кои се оденсуваат на државните функцинери или пак на патните прошоци на пратениците, ако споредиме со другите месечни примања на другите (не)изборни професии каде секој од нас си добива месечна плата со која мора да си ги покриве дневните расходи во делот на патот, храна и други потреби што значи ако можеме ние ќе можат и тие (пратениците), оти кратењето не треба да биде преку една скроман мерка каде граѓанинот за една година ќе поврати максимални 8400 денари кои можеби му се многу добредојдени.

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.