
Српската пејачка Теа Таировиќ беше гаѓана со јајце на настап во Нови Пазар.
Пејачката настапуваше пред 50.000 луѓе по повод пласманот на клубот од тој град во европските квалификации кога еден маж од публиката фрли јајце кон неа, наводно поради начинот на кој се облекува.
Ова не ја спречи Теа да си ја заврши работата, таа продолжи да пее како ништо да не се случило, а нејзиниот заштитнички настроен сопруг веднаш излезе во нејзина одбрана, кој се обиде да ги смири тензиите.
„За жал, секогаш има некој лут, огорчен, несреќен, поткупен или со злобни намери кој се обидува да уништи нешто убаво! Лицето кое фрли јајце на сцената, обидувајќи се да ме удри и да ме омаловажи, направи ужасна грешка! Тој не успеа во својата намера. Нека му почива душата во мир“, изјави пејачката за Курир.
Видеото погледнете го ТУКА.