Вчеравечер во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.С.(25) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.30 часот во кругот на Клиничка болница во Тетово физички ја нападнал 18 – годишната сестра на неговата сопруга од тетовско село.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.