Skip to main content
Македонија

Тажна вест: Исчезнатиот Коле од Прилеп е пронајден починат

26/06/2025  18:45

Трагичен исход доби потрагата по 52-годишниот прилепчанец Коле Петрески кој беше пријавен за исчезнат.

Лицето попладнево е пронајдено починато, информираа неговите блиски на социјалните мрежи.

Потрагата по Петрески започна денеска, откако последен пат бил виден вчера утрото околу 08:00 часот.

Засега нема информации кои се причините за смртта.