
Случајот со 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино кој исчезна во јануари годинава и по кого семејството и полицијата трагаше речиси цека година за жал има тажна завршница. Неговата сестра Марија предмалку објави дека е починат.
“ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ
Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка…
Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца
Почивај во мир и спокој.
Погребот ќе се изврши на 05.12 (петок) од 12 до 13 часот”, напиша таа на Фејсбук.

