Skip to main content
Македонија

Таткото на загинатата Стефанија, Влатко Соколов ја опиша трагедијата во „Пулс“: „Не беше хорор филм, тоа беше реалност што нема да се заборави“

16/03/2026  20:54

Влатко Соколов, татко на Стефанија која загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и полициски службеник, во гостување во Отвореното Студио на 4ТВ.мк ја опиша неизмерната болка додека се обидувал да ја најде својата ќерка меѓу жртвите.

„Колегите правеа кордон и количката не можеше да влезе, објави 4news.mk Пет минути подоцна сепак влезе до нас, но мене ништо не ми беше јасно, се чувствував како да не сум присутен“, рече Соколов. Тој објасни дека добро го познавал делот од болницата каде се вршела обдукцијата и успеал да пристапи безбедно.

„Кога ги отворив двете врати, тоа што видов беше хорор филм. Сите сме гледале хорор филмови, но ова не беше филм – ова беше нешто што нема да го заборавам цел живот. Млади деца, момчиња и девојки, сè изчадено, некои со пења од устата. Тешка смрт имаа тие деца“, рече Соколов.

Тој посочи дека внимавал додека ги водел телата, за да не ги згазне и правилно да ги постави за идентификација. „Секое тело беше добро постелено, наредено едно од друго. Волонтерите и колегите се ангажираа максимално, сите дадоа се од себе“, додаде тој.

Но во неговото сведочење, најсилна беше болката за Стефанија. „Знаев што носеше мојата ќерка, гледав лево-десно да ја најдам неа. Гледав насекаде, ми остана да видам само уште едно ќоше. Само што поминав два-три чекори, ја видов нејзината кондура, видов нема пулс, нема ништо“, изјави таткото со солзи во очите.

Соколов нагласи дека носењето одлуки во униформа било тешко, но неопходно. „Секој момент можеше да биде живот или смрт“, заклучи тој, оставајќи ја трагедијата да зборува за себе.