
Дерби дуелот од Ла Лига Реал Мадрид против Барселона го доби со 2:1. По завршувањето на натпреварот настана мешаница на теренот, кога неколку играчи на Реал Мадрид сакаа „објаснување“ од Ламин Јамал за неговите изјави пред натпреварот.
Дел од играчите тргнаа кон Јамал со намера да имаат и физичка пресметка со играчот на Барселона. Дани Карвахал и Тибо Куртоа имаа што да му кажат на Јамал, а „најагресивен“ беше Винисиус, кој дури го повика противничкиот играч на физичка пресметка.
На социјалните мрежи реагираше таткото на Јамал, со порака на дека неговиот син има само 18 години и дека следниот натпревар е во Барселона. Притоа тој повика дека не треба да се радуваат навивачите на Реал Мадрид на слабиот настап на неговиот син.

