
Тодор Кулаков – таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова со свој коментар на Фејсбук по денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, момчето кое смртно ја прегази неговата ќерка.
Кулаков денеска беше во судницата, но таму не беше присутен обвинетиот Зоран Јованов, како и неговиот адвокат Сашо Дуковски.
„СУДИЈКА НА МАФИЈАТА млада ама веќе се истакна во КРИМИНАЛИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО… На денешното рочиште се покажа… А можеше и се разбира требаше да се изземе доколку и најмалку зрно етика има … ИМА ЛИ АКМИС СИСТЕМ ВО СУДСТВОТО И КАКО МОЖЕ ИСТА СУДИЈКА ДА ГИ СУДИ И ПРЕДМЕТОТ НА ВАСО И ПРЕДМЕТОТ НА ТАТКО МУ… ОВА Е КЛАСИЧНА КРИМИНАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА НА АКМИС СИСТЕМОТ ЗА ШТО ЗА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ЌЕ БАРАМЕ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ КОЈА СПОРЕД СУДСКА ПРАКСА ЗАВРШУВА СО ЗАТВОР… Ако веќе еден Претседател на овој Суд кој само наводно беше гонет за манипулирање со Акмисот иако реално се работеше за политички прогон, ама заврши со затворска казна… ЗАТВОР ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ ИЛИ НИШТО ОД ОВА СУДСТВО“, објави меѓу другото Тодор Кулаков.
Тој вели дека „ова веќе не е правосуден систем со 2% доверба туку ова е „веќе со негативен коефициент на доверба, значи со минус напред, бидејќи е правосуден систем во директна соработка со мафијата и подеднакво учесник во криминалот за што сега не се ни кријат…“.
„Ништо не се движи. Додека ние копаме и градиме гроб на Фросинче мафијашкото семејство на чело со мајка му на Васо и татко му копаат и ги потплатуваат судии, обвинители, адвокати, полиција и што се не друго…“ – напиша тој.
Следното рочиште судијката Марковска го закажа на 3 септември годинава.