
Маж од Скопје (30) е кривично пријавен поради сомнение за запуштање и малтретирање на дете. На 10 јули во Дебар, полицијата го затекнала додека питачел на улица заедно со неговата петгодишна ќерка.
Повикани биле Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, а лицето било веднаш приведено. Случајот е процесуиран со кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик.