Skip to main content
Хроника

Татко од Куманово си го повредил синот со испукана дијабола од пушка

31/05/2025  15:39

На 30.05.2025 година во 16.25 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека од нив била побарана лекарска помош за лицето Ф.Д.(21) од Куманово, којшто, според неговото кажување, бил ненамерно повреден од испукана дијабола од воздушна пушка при нејзино расклопување од страна на неговиот татко И.Д.(50) од Куманово, соопштија од МВР.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.