Skip to main content
Македонија

Татко на починато момче: Не се плашете кажете ја вистината, златни дечиња изгореа како глувчиња (ВИДЕО)

17/03/2025  14:25

Навистина срцепарателни пораки и сцени се случија денес на протестот кој се организира во Кочани поради големата трагедија која не потресе сите вчера.

MK Summit

Татко на едно од момчињата кои за жал го загубија животот во пожарот со солзи и лелек го искажа својот револт кон случајот и побара одговорност.

“Господе казни ги, златни дечиња ни изгореа како глувчиња”, истакна тој велејќи дека не се плаши повеќе од никого, веќе не е жив, па доколку сакаат можат да го убијат поради тоа што го кажува.

“Не се плашете луѓе, и вие имате луѓе кои ви починаа, кажете ја вистината”, истакна тој извикувајќи фашисти.