
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.И. (41) и неговиот 16-годишен син, двајцата од село Добри Дол, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 16.09.2025 година, пред угостителски објект во Добри Дол, пријавените физички го нападнале Ј.М. (20) од истото село. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

