Skip to main content
Хроника

Татко и малолетен син нападнале полицајци во Шуто Оризари

31/03/2026  14:59

На 30.03.2026 во 16:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.С.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија.

Додека, неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, по што побегнал, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Со него е извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.