Skip to main content
Хроника

Татко го земал синот од градинка во скопје, но забележал удар од рака на неговото лице

12/02/2025  16:37

Татко откако го земал синот од градинка забележал дека има црвенило на лицето, за кој се посомневал дека бил од удар од рака.

Полицијата информира дека вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, Х.М.(33) од с.Никиштане, скопско, пријавил дека, откако го земал малолетниот син од детска градинка на подрачјето на Карпош, забележал црвенило на лицето на детето, кое, според пријавеното, најверојатно му било од удар со рака.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.