Skip to main content
Македонија

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

03/10/2025  22:05

Откако 24инфо дозна дека Синдикатот на Македонска навигација подготвува штрајк на 20 октомври, поради како што велат неисполнети барања, за став се обративме до директорот на М Нав, Владимир Ристески. 

Тој вели дека сите барања се горе долу исполнети или се во фаза на исполнување. 

„Сите барања малтене се исполнети, тие што може да се исполнат, тие што треба да се исполнат се во тек на исполнување. Истиот мафта со некоја си одлука за штрајкување од 2023,не знам што да ви кажам тоа е тотално незаконски. За барањето да се зголеми бројот на контролори на летање? Да добивме согласност. Сега е во постапка за обавување тендер за селекција и чекаме да завршат изборите инаку како ќе ги вработиме. Има законски рестрикции не можеме ние што сакаме да правиме. 

Колку лица ќе бидат вработени? Шест лица контролори. За шест имаме добиено согласнот и 5 инжениери ќе се вработат.“ вели тој. 

Во однос на наводни притисоци, Ристески вели дека тоа биле само приказни на синдикалниот лидер Александар Тасевски.

„Нема никакви притисоци од никого, тоа се само прикаски на Александар Тасевски. Апсолутно можете да прашате било кого од таму, јас дури оваа цела недела не сум ни на работа, затоа што имам други обврски по Влада и по други институции, така да тоа се шпекулации, истиот си тера агенда што си ја има очигледно, тоа се гледа и по настапите на телевизија така да немам што повеќе да кажам.  Ниту сум се јавил на некого, ниту некого сум го викал во канцеларија да му вршам притисок. Апсолутно нема. Очигледно му паѓа поддршката меѓу членовите и сега крив е менаџментот, тоа е најлесно да се каже. Истиот одби 3 пати од 15 посто награда за овие 3 месеци додека траат изборите, со цел да ги премостиме изборите затоа што не можевме да влеземе во преговори за колективен договор и за зголемување на плати“ рече Ристески.

Се обративме и до Тасевски за целата ситуација во М Нав како и да одговори на тврдењата на директорот.

„Конкретно сега што го реактивираме штрајкот, барањата се истите што се останати неисполнети од претходната владеачка гарнитура и раководство на М-НАВ. Дел од нив се реализираа, меѓутоа дел останаа неисполнети, а тоа е таа функционална анализа која што ние ја бараме како алатка за да ни биде и заштита за некој утре да не ни упатува луѓе како што наумил, а тие да не ни требаат. 30 години сум во навигација и сите луѓе околу мене не е дека не сме упатени во целата работа и знаеме точно кој профил на луѓе ни се потребни, но кога ќе имаме таква анализа многу полесно ќе бидат видливи работите. Исто така ние бараме таквата анализа да се прави од структури кои што не се врзани од кај нас, туку тие да бидат со европска поврзаност со воздухопловство да имаат за утре да се повикаме или ние или тие на потреба или непотреба за вработување на одредени кадри. Нормално на раководството тоа не ми одговара бидејќи се свесни дека ние во моментов според претходната анализа што е направена 2008 плус минус една година, требаше да бидеме 240 вработени од кои 50 посто требаше да бидат контолори на летање, а ние сега сме 315 вработени со последните вработувања кои ги има од кои имаме само 70 контролори на летање“ вели Тасевски.

Тој се осврна и на наводните притисоци и вели дека од страна на Ристески не му било дозволено да учествува на состанок на Федерацијата на синдикати на контролори на летање во Европа каде членува ССКЛ, кој ќе се одржи Холандија од 7 до 10ти октомври, иако првично во распоредот биле вметнати тие денови за пат, за потоа по забраната која ја добил од Ристески да му бидат сменети. Според колективниот договор присуството на овие состаноци мора да му биде овозможено од страна на директорите. Како што вели тој ова е еден вид на притисок затоа што иако првично месечниот распоред бил направен со цел да може да отсуствува, по само неколку часа, од Ристески добил меил дека истото не му се одобрува, со образложение дека се потребни повеќе дена за известување односно требал да го најави состанокот за во месец октомври, најдоцна до 7 септември за отсуство во октомври месец, а тој тоа го направил на 30 септември.

Во врска со одбивањето на наградите од 3 пати по 15 проценти, Тасевски изјави дека истите се одбиени од сите членови на комисијата во која членуваат од различни служби од причина што директорите се обиделе да поделат награди без да достават соодветржен доказ дека лицата кои предлагаат да бидат наградени навистина тоа го заслужиле, односно како и до сега, тоа било обид преку постапката за наградување на одреден број на вработени кои тоа го заслужиле што може да се аргументира со факти, да се наградат и голем дел на лица без никаква реална оправданост