Skip to main content
Македонија

Таравари: Сите пациенти стабилни, 10 од критичните се надвор од животна опасност

20/03/2025  10:42

На денешната прес-конференција, министерот за здравство, Арбен Таравари вели сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност.

Таравари изјави дека во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три.

-Од идната недела се надевам ќе ве известуваме за тоа колку пациенти го продолжуваат лекувањето дома и за такви што ќе се враќаат од странските држави, истакна Таравари.

Според министерот, од пациентите во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Од приватните клиники, во „Сиситина“ се згрижени 7 пациенти и во „Жан Митрев“ 4.

-Надвор се 101 пациент, вчера се испратени помал број пациенти, денеска има понуди од повеќе држави, но ќе видиме, можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не, рече Таравари.