Skip to main content
Македонија

Таравари: Работиме на децентрализација и нови вработувања на Клиниката за онкологија

26/01/2025  21:31

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, министерот за здравство Арбен Таравари зборуваше за актуелните состојби во здравство, но и одговараше на прашања од граѓани.

Осврнувајќи се на прашање за работата на клиниката за онкологија, Таравари рече дека состојбата е наследена и дека се прават напори да се зголемат вработувањата и да се намали обемот на работа на кадарот на таа клиника.

„Да бидеме искрени ситуацијата на Онкологија не е од пред седум месеци. Откако сум министер сум бил најмалку 3 до 4 пати на Онкологија, сум разговарал и со директорот и со медицинскиот персонал таму и затоа почнавме процедура на децентрализација на Онкологија. Работиме интензивно дел од терапијата да се издава во ГОБ 8ми септември. Се ангажираме тоа да се случува и во Тетово, во Штип во Битола. Во меѓувреме работиме на тоа да вработиме повеќе кадар на Клиниката за онкологија во Скопје. Знам дека таму докторите се жртвуваат и работат прекувремено само за да ги услужат сите пациенти. Тоа е максимум што може да направиме за овие седум месеци. Ако некој очекува дека со волшебно стапче за седум месеци ќе ги решиме сите проблеми, тогаш се лаже“ рече Таравари во поткаст ЗРАК.