
Министерот за здравство Арбен Травари за тв 24 изјави дека утре ќе ја поднесе оставката во владата по одлуката тој како лидер на Алијансата на Албанците да ја напуштат владеачката коалиција и да заминат во опозиција.
Со повлекувањето очекувано е позициите од владата и директорите на јавните претпријатија да ги напуштат позициите. Таравари вели дека утре ќе ја ковертира оставката а во вторник на седница во собранието треба да се потврдат оставките на функционерите и директорите од партијата на Таравари.
Единствено останува нејасно дали вицепремиерот за добро владеење Фетаи од партијата на Таравари ќе го следи лидерот. Тој во медиумите одбива да се изјасни одговарајки ке видиме има време на прашањето дали и тој ќе го почитува партискиот став да ја напушти владата и да одат во опозиија.
Засега Таравари не потврдува коалицирање со ДУИ и Европскиот фронт за престојните локални избори но големи се шансите дека тоа ќе се случи.
Премиерот Мицковски и министерот Таравари до одлуката за напуштае на владата не штедеа еден за друг да си делат комплименти но сега веќе премиерот му е лут и го откажува дури и кафето за збогум што сам го најави.