Skip to main content
Македонија

Таравари ги посети пациентите од трагедијата на Кочани во болницата “Чам и Сакура“ во Истанбул

27/04/2025  15:49

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од претставници на Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, денес ја посети болницата “ Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од младите повредени во тешката трагедија што се случи во Кочани.

Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената состојба. Двајцата преостанати пациенти, Мартин и Борис, се во стабилна состојба и продолжуваат со закрепнувањето.

За време на посетата, Таравари се сретна и со родителите на пациентите, изразувајќи поддршка и солидарност во овие тешки моменти. Тој изрази посебна благодарност до д-р Мустафа Туран и конзулот на Северна Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, за покажаната грижа и посветеност. “Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство“, нагласи Таравари.