Skip to main content
Македонија

Таравари: Фокусиран сум на работата, односите во коалицијата се стабилни, нема да поднесам оставка

24/03/2025  11:00

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција нагласи дека и покрај бројните прашања за можното поднесување оставка, тој останува посветен на својата работа во министерството. „Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања дали ќе поднесам оставка, но јас продолжувам да ја вршам функцијата министер за здравство. Односите меѓу партнерите во коалицијата се добри и стабилни“, рече Таравари.

Тој истакна дека неговиот главен фокус е на здравјето на пациентите, особено на повредените во пожарот во Кочани. „За мене како министер, најважно е да се погрижам за добрата состојба на овие пациенти, но и за здравјето на сите граѓани во земјата“, додаде Таравари.