Skip to main content
Македонија

Таравари: 18 пациенти се во критична состојба

16/03/2025  11:29

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информираше јавноста дека 18 од хоспитализираните пациенти се во критична состојба.

Како што вели министерот, другите пациенти се во стабилна состојба.

Таравари нагласи дека има доволно крвни деривати и лекови и дека сите капацитети работат како што треба.

Тој во изјава во Клиничкиот центар најави дека за кратко заминува во Штип и Кочани.