Skip to main content
Музика

Тамара Тодевска: Панчо фала му на Бога е подобар – Се молиме за него што поскоро да ни се врати

04/05/2025  22:32

Поп пејачката Тамара Тодевска која е добра пријателка со Панчо од дуото ДНК, и со кое има снимено повеќе дуетски песни, на социјалните мрежи денес одговараше на прашања од своите фанови, па еден од нив ја праша дали има информации за неговата здравствена состојба, по пожарот во Кочани во дискотеката “Пулс”.

“Панчо е фала му на Бога подобар. Се молиме за него што поскоро да ни се врати”, одговори таа, споделувајќи фотографија од нивен заеднички настап.