Skip to main content
Свет

Талибанците објавија дека убиле 58 пакистански војници

12/10/2025  15:49

Авганистанските власти објавија дека убиле 58 пакистански војници во синоќешните операции долж границата на двете земји.

Портпаролот на владата на Талибанците, Забиула Муџахид, потврди дека авганистанските сили зазеле 25 пакистански воени позиции, дека 58 пакистански војници се убиени, а 30 се ранети, пренесува АП.

Во соопштението се вели дека нападите врз пакистанските гранични пунктови биле одговор на наводните повторени кршења на авганистанската територија и воздушен простор.

Порано оваа недела, авганистанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на главниот град Кабул и пазар во источниот дел од земјата, но Пакистан не ја презеде одговорноста за нападите.

Пакистанските безбедносни претставници денес потврдија дека имало судири на повеќе од пет места на границата, велејќи дека се одмаздуваат на нападите од Авганистан, објави претходно Ројтерс.