Skip to main content
Балкан

Таксистите во Грција започнаа штрајк на неодредено време

17/03/2026  08:16

Таксистите во цела Грција, организирани од нивната федерација утрово започнаа штрајк, што ќе трае во следните денови, односно, како што соопштија, сè додека во Парламентот на надлежната комисија се разгледува новиот закон од Министерството за транспорт за кој имаат низа несогласувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега не е точно одредено колку време ќе трае штрајкот, а планиран е прекин со работа и на денот кога конкретниот закон ќе биде донесен на гласање. Од Грчката федерацијата на такси возачи соопштија дека не се согласуваат со одредбите од законот што се однесуваат на задолжителната замена на возилата во Солун и Атина со целосно електрични, како и одредбите со кои, како што велат, им даваат предност на приватните возила со возач.

Таксистите во Солун и Атина штрајк одржаа и на средината на февруари, што траеше два, односни три дена, а воедно беше и четврти во период од еден месец.